Агеј 2:16-22 MKB

16 Му доаѓавте на куп од дваесет мери, а беа само десет! И доаѓавте на кацата за да зафатите педесет мери, а беа само дваесет!

17 Го удирав со суша, со пламеница и со град секое дело на вашите раце, но никој нема кај Мене - говори Господ.

18 Затоа внимавајте добро од денешниот ден за напред - од дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, кога почна да биде граден Господовиот Храм, внимавајте добро,

19 има ли уште семе во житницата? Ни виновата лоза ни смоквата, ни калинката ни маслината не даваа плод, но од оној ден Јас ќе ги благословувам нив.’”

20 Во дваесет и четвртиот ден на истиот месец му дојде Господовото слово на Агеј по вторпат:

21 „Речи му вака на Зоровавел, јудејскиот управител: ‘Јас ќе ги растресам небесата и земјата!

22 Ќе ги оборам престолите на царствата, и ќе им ја уништам силата на царевите на народите. Ќе ги превртам бојните коли и оние во нив, ќе бидат оборени нивните коњи и коњаници, ќе паднат од мечот на својот брат.