19 има ли уште семе во житницата? Ни виновата лоза ни смоквата, ни калинката ни маслината не даваа плод, но од оној ден Јас ќе ги благословувам нив.’”
20 Во дваесет и четвртиот ден на истиот месец му дојде Господовото слово на Агеј по вторпат:
21 „Речи му вака на Зоровавел, јудејскиот управител: ‘Јас ќе ги растресам небесата и земјата!
22 Ќе ги оборам престолите на царствата, и ќе им ја уништам силата на царевите на народите. Ќе ги превртам бојните коли и оние во нив, ќе бидат оборени нивните коњи и коњаници, ќе паднат од мечот на својот брат.
23 Во тој ден - говори Господ над Воинствата, ќе те земам Зоровавеле, сине Салатилов, Мој слуго - говори Господ - и ќе те ставам како печат, зашто тебе те избрав’ - говори Господ над Воинствата.”