Агеј 2:6-12 MKB

6 Зашто Господ над Војските зборува вака: „За малку, и Јас ќе ги растресам небесата и земјата, и морето и копното.

7 Ќе ги стресам сите народи, за да дојде богатството на сите народи, и ќе го наполнам со слава овој Дом - зборува Господ над Воинствата.

8 Златото е Мое, среброто е Мое - зборува Господ над Воинствата.

9 Славата на овој втор Дом ќе биде поголема отколку на првиот - слово е на Господа над Војските. И ќе му дадам мир на ова место - слово е на Господа над Војските.”

10 Во дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, во втората година на царот Дариј, дојде Господовото слово: преку пророкот Агеј:

11 Господ над Војските зборува вака: „Прашај ги свештениците што вели Законот и речи:

12 ‘Кога некој би носел во скутот на својата облека осветено месо, или ако би се допрел со скутот до леб, до јадење, до вино, до масло или до каква и да е храна; дали тоа ќе стане свето?’” Свештениците одговорија: „Не!”