1 Авдиево видение. Господ Бог зборува вака за Едом: Ја чувме веста од Господа, гласник беше испратен меѓу народите, „Станувајте, да тргнеме во бој против него!”
2 Зашто ете, ќе те направам најмал меѓу народите, многу презрен.
3 Гордоста на твоето срце те заведе, тебе што живееш во камени пештери, во својот висок стан, и зборуваш во своето срце: ‘Кој ли ќе ме слезе на земја?’
4 Да се извисиш како орел, да свиткаш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те слезам - говори Господ.