Авдија 1:13-19 MKB

13 Не требаше да влегуваш во портата на Мојот народ во денот на неговата несреќа. Не се насладувај на неговото зло во денот на неговата несреќа. Не испружувај ги рацете на неговиот имот во денот на неговата несреќа.

14 Не требаше да стоиш на раскрсниците за да ги истребиш неговите бегалци. Не ги затворај неговите преживеани во денот на неволја.

15 Зашто близу е Господовиот ден за сите народи. Како што си направил, така ќе ти направат, твоите постапки ќе ти се вратат на твојата глава.

16 Да, како што вие пиевте на светата Ми гора, ќе пијат сите народи непрекратно, ќе пијат и ќе локаат - и ќе бидат како никогаш да не ги било.

17 Но на гората Сион ќе бидат спасените, ќе стане света, и Јакововиот дом повторно ќе го земе во посед своето наследство.

18 Јакововиот дом ќе биде оган, Јосифовиот дом пламен, Исавовиот дом слама. Ќе го потпалат и ќе изгори и од Исавовиот дом не ќе остане никој - зашто Господ го рече тоа.

19 Негевските жители ќе ја наследат Исавовата гора, а рамнините, Филистејската земја; ќе ги наследат Ефремовиот крај и Самарискиот крај, а Венијамин ќе го наследи Галад.