16 Да, како што вие пиевте на светата Ми гора, ќе пијат сите народи непрекратно, ќе пијат и ќе локаат - и ќе бидат како никогаш да не ги било.
17 Но на гората Сион ќе бидат спасените, ќе стане света, и Јакововиот дом повторно ќе го земе во посед своето наследство.
18 Јакововиот дом ќе биде оган, Јосифовиот дом пламен, Исавовиот дом слама. Ќе го потпалат и ќе изгори и од Исавовиот дом не ќе остане никој - зашто Господ го рече тоа.
19 Негевските жители ќе ја наследат Исавовата гора, а рамнините, Филистејската земја; ќе ги наследат Ефремовиот крај и Самарискиот крај, а Венијамин ќе го наследи Галад.
20 И некогаш заточената војска на Израелевите синови ќе го наследи Ханаан сè до Сарепта; ерусалимските заробеници што се во Сефарад ќе ги наследат негевските градови.
21 Избавителите ќе се искачат на гората Сион, за да и судат на Исавовата гора. И тогаш Царството ќе биде на Господа.