Авдија 1:3-9 MKB

3 Гордоста на твоето срце те заведе, тебе што живееш во камени пештери, во својот висок стан, и зборуваш во своето срце: ‘Кој ли ќе ме слезе на земја?’

4 Да се извисиш како орел, да свиткаш гнездо меѓу ѕвездите, и оттаму ќе те слезам - говори Господ.

5 Ако дојдат крадци при тебе или ноќните разбојници, - како ли ќе бидеш разурнат! - Не ќе ли те искрадат колку што им е доста? Ако дојдат гроздоберачите кај тебе, зар не ќе го остават доберокот?

6 Како ли беше претресен Исав, како му беа пребарани скриените му блага!

7 Те спотераа до границата, сите твои сојузници, луѓето, што живееја во мир со тебе, те измамија! Оние што го јадат твојот леб, ти ставија стапица: ‘Нема разбирање во него!’

8 Во оној ден - говори Господ - не ќе ли ги уништам мудреците од Едом и разумот од Исавовата гора?

9 Твоите јунаци, Темане, ќе ги опфати ужас, и последниот ќе биде истребен со колеж од Исавовата Гора.