Авдија 1:6-12 MKB

6 Како ли беше претресен Исав, како му беа пребарани скриените му блага!

7 Те спотераа до границата, сите твои сојузници, луѓето, што живееја во мир со тебе, те измамија! Оние што го јадат твојот леб, ти ставија стапица: ‘Нема разбирање во него!’

8 Во оној ден - говори Господ - не ќе ли ги уништам мудреците од Едом и разумот од Исавовата гора?

9 Твоите јунаци, Темане, ќе ги опфати ужас, и последниот ќе биде истребен со колеж од Исавовата Гора.

10 За насилството над својот брат Јаков срам ќе те покрие, и ќе бидеш истребен засекогаш.

11 Во оној ден кога стоеше настрана, додека туѓинците му ја однесуваа војската во ропство, додека странците влегуваа низ неговите порти и фрлаа жрепки за Ерусалим, ти беше како еден од нив.

12 Не требаше да гледаш во денот на брата си, во денот на неговата несреќа. Не ликувај над јудејските синови во денот на нивната пропаст. Не отворај ја гордо својата уста во денот на неволја.