1 Петар 1:1-6 MNT

1 Од Петар, апостол на Исус Христос, до луѓето одбрани од Бог што живеат во туѓина, распрснати низ Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Битинија.

2 Бог Таткото реши да ве одбере, а Неговиот Дух ве направи свети. Вие Го послушавте Исус Христос и сега сте попрскани со Неговата крв. Ви посакувам Бог да ви биде изобилно благонаклонет и да ви дава се подлабок мир.

3 Благословен нека е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој поттикнат од Својата огромна милост, одново не роди! Сега живееме со надеж која произлезе од воскресението на Исус Христос.

4 Очекуваме наследство што не се распаѓа, неосквернето, што не венее. Тоа наследство Бог го чува за нас на небото.

5 Божјата сила ќе ве чува се до последниот ден, бидејќи имате доверба во Него. Тогаш Бог јавно ќе го објави вашето спасение.

6 Затоа треба неизмерно да се радувате, макар што, ако е неопходно, уште кратко време ќе минувате низ разни маки и искушенија.