1 Петар 3:9-15 MNT

9 Не враќајте зло за зло, ниту навреда за навреда. Напротив, дури и во такви ситуации бидете љубезни со луѓето и посакувајте им благослов. Токму заради тоа Бог и ве одбра и тоа е она што Тој го очекува од вас. Така ќе го добиете Неговиот благослов.

10 „Човек што си го сака животот и сака да доживее многубројни и среќни дни, нека си го варди јазикот од зла дума и усните од лага.

11 Од злото настрана нека се држи добро нека прави, кон мир нека се стреми и за мир нека работи.

12 А Господ бдее над праведниците и благонаклоно им ги слуша молитвите, додека спрема оние што вршат зло Господ го упатува Својот прекорен поглед.“

13 Ако ревносно правите добро, кој ќе ви напакости?

14 Па дури и ако страдате, борејќи се за правдата, Господ ќе ве награди. Затоа, немојте да се плашите од нивните закани, не губете си го спокојството.

15 Почитувајте Го Христос од се срце, како свој Господ. Бидете секогаш подготвени да му одговорите на секој што ќе ве праша за вашата христијанска вера.