1 Солунјаните 2:1-6 MNT

1 Вие, драги мои, знаете дека нашето доаѓање кај вас не беше загубено време.

2 Знаете како настрадавме и како не навредуваа во градот Филипи, пред да дојдеме кај вас. Сепак, Бог ни даде храброст, наспроти силното противење, и вам да ви ја пренесеме Неговата Радосна вест.

3 Тоа што ви го проповедавме не произлегува од заблуда, ниту пак е со нечисти мотиви, или со измами.

4 Зборуваме онака како што Бог бара од нас, зашто Тој не провери и утврди дека може да ни го довери проповедањето на Радосната вест. Затоа ние зборуваме, не со намера да им угодуваме на луѓето, туку да Му угодиме на Бог, на Оној што ги проверува мотивите на нашите срца.

5 Добро знаете дека ние не се обидовме да ве придобиеме со подмилкување. Бог ни е сведок дека не дојдовме кај вас со подмолна алчност за богатење.

6 Не бараме ни признание од луѓето: ниту од вас, ниту од други луѓе.