1 Веќе не можевме да издржиме. Решивме само ние да останеме во Атина,
2 а кај вас да го пратиме нашиот брат Тимотеј. Тој работи со нас за Бог и ни помага во проповедањето на Радосната вест за Христос. Сакавме тој да ве охрабри и да ја зацврсти вашата вера.
3 Не сакаме никој од вас да се обесхрабри од овие тешкотии. Однапред знаевте дека ќе треба да страдаме.
4 Кога бевме кај вас, ви кажувавме дека ќе минуваме низ неволи. Така и се случи.