1 Солунјаните 3:5-11 MNT

5 Затоа јас не можев да чекам повеќе и го испратив Тимотеј да види како се држите, во каква состојба е вашата вера. Страхував Сатаната да не успеал да ве поколеба преку искушенија и да го уништи сето она што ние го постигнавме.

6 Сега Тимотеј се врати од кај вас и ни донесе радосни вести. Ни раскажа дека во вас има и вера и љубов. Ни пренесе дека со радост се сеќавате на нас, и дека и вие копнеете пак да не видите.

7 Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу не охрабри.

8 Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.

9 Како да Му се заблагодариме на Бог за вас? Како да Му возвратиме за сета радост што ни ја причинувате?

10 Деноноќно, од се срце Му се молиме на Бог пак да се сретнеме со вас и да ви помогнеме онаму каде што имате потреба во однос на вашата вера.

11 Се молиме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос, да ни дозволат пак да дојдеме кај вас.