2 Потсетувајте се на упатствата што ви ги дававме како на следбеници на Господ Исус.
3 Бог сака вие да бидете свети - да се чувате од блуд.
4 Секој треба да умее да го контролира своето тело, за да биде свето и за почит.
5 Немојте да им робувате на вашите необуздани страсти, како што прават луѓето што не Го познаваат Бога.
6 Во однос на ова прашање, никако не смеете да мамите и искористувате други христијани! Потсетете се, веќе ве предупредивме дека Господ ќе го казни секој што така прави.
7 Бог не ве одбра за да живеете валкан живот, туку за да бидете свети.
8 Секој што не се придржува кон ова, не е непослушен спрема нас, туку спрема Бог, спрема Оној што ни Го дава Својот Свет Дух.