13 искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.
14 Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.
15 Гледајте никој никому да не враќа зло за зло. Напротив, однесувајте се добро еден спрема друг и спрема сите луѓе.
16 Бидете секогаш радосни,
17 постојано молете се.
18 Што и да ви се случува прифаќајте го со благодарност, зашто така вие што Му припаѓате на Исус Христос ја исполнувате Божјата волја.
19 Немојте да го задушувате дејствувањето на Светиот Дух.