23 Самиот Бог, Кој е извор на мир, нека ве направи целосно свети и нека го зачува чисто целото ваше битие: духот, душата и телото, се до повторното доаѓање на нашиот Господ Исус Христос.
24 На Оној што ве одбра можете да Му верувате. Тој навистина ќе го стори тоа.
25 Драги пријатели христијани, молете се и за нас.
26 Поздравете се меѓусебно со свет бакнеж.
27 Ве задолжувам, во името на Господ, да го прочитате ова писмо пред сите христијани.
28 Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет.