1 Солунјаните 5:3-9 MNT

3 Кога луѓето од овој свет ќе си мислат: „Сега сме мирни и безбедни“, тогаш неочекувано ќе им дојде уништувањето, како кога породилни болки и доаѓаат на жена што треба да роди. Тоа неминовно ќе им се случи.

4 Но вие што сте христијани, не живеете во мрак, па во тој ден нема да бидете непријатно изненадени, како од крадец.

5 Вие и припаѓате на светлината и на денот, а не на темнината и на ноќта.

6 Затоа, да не бидеме заспани, како другите луѓе, туку да бидеме будни и трезвени.

7 Ноќе луѓето спијат, ноќе се опиваат;

8 но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.

9 Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,