1 Солунјаните 5:8-14 MNT

8 но ние што му припаѓаме на денот треба да бидеме трезвени. Треба да се вооружиме со вера и љубов. Тие да ни бидат како штитник на градите. Треба да се вооружиме со увереност дека ќе бидеме спасени и тоа да ни биде како шлем на главата.

9 Бог не не одбра за да не казни, туку за да бидеме спасени преку нашиот Господ Исус Христос,

10 Кој умре за нас, за да Му се придружиме и вечно да живееме со Него, без оглед на тоа дали кога Тој ќе се врати ќе бидеме живи, или починати.

11 Затоа, продолжете да се охрабрувате и да се изградувате еден со друг.

12 Драги христијани по црквите, ве молиме да им оддавате признание на оние што вредно работат меѓу вас, што ве водат во Господовото дело и ве поучуваат;

13 искрено да ги почитувате и да ги сакате заради тоа што го работат. Ве молиме да не се карате.

14 Опоменувајте ги мрзливите, охрабрувајте ги малодушните, помагајте им на слабите и имајте трпение со сите.