1 Тимотеј 3:9-15 MNT

9 Мора да имаат чиста совест и цврсто да се држат до начелата на христијанската вера кои сега ни се откриени.

10 Пред да бидат назначени за ѓакони, тие треба да се докажат како луѓе без пороци.

11 Исто така и нивните жени треба да бидат сериозни. Не треба да се занимаваат со озборување, не треба да бидат избувливи, туку треба да бидат верни во секој поглед.

12 Секој ѓакон треба да и биде верен на својата сопруга, добро да си ги воспитува децата и добро да го води сопственото домаќинство.

13 Тие што добро ги извршуваат ѓаконските должности во црквата треба да бидат наградени со почит и доверба како верни следбеници на Исус Христос.

14 Се надевам дека набрзо ќе те посетам, но сепак ти го пишувам ова

15 за, ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е Црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.