1 Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења.
2 Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.
3 Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.
4 Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.
5 Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.