1 Тимотеј 4:2-8 MNT

2 Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена.

3 Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна. Храната е од Бог создадена и христијаните, оние што целосно ја знаат вистината, можат со благодарност да ја јадат.

4 Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.

5 Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.

6 Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.

7 Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.

8 Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.