1 Тимотеј 5:3-9 MNT

3 Грижи се за оние вдовици за кои навистина нема кој друг да се грижи.

4 Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.

5 Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.

6 Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.

7 Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.

8 Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!

9 Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг,