1 Христијаните кои се затекнале како робови треба искрено да ги почитуваат своите господари. Во спротивно, ќе дадат повод да се зборува лошо за Бог и за нашето учење.
2 Оние, пак, чии господари се христијани не треба поради тоа помалку да ги почитуваат. Напротив, треба да им служат најдобро што знаат и умеат, бидејќи со тоа му помагаат на својот брат по вера, што треба да го сакаат. Така треба да ги поучуваш и да ги советуваш.
3 Секој што поучува поинаку, му се противставува на здравото учење на нашиот Господ Исус Христос, кое е основа на побожноста.
4 Таквите учители горделиво се самозалажуваат, а ништо не им е јасно. Имаат нездрава желба да се расправаат, за збор да се фаќаат, а од тоа произлегуваат завист, кавги, навреди, опасна недоверба