1 Тимотеј 6:6-12 MNT

6 Да, верата е навистина големо богатство, бидејќи те учи да бидеш задоволен со тоа што го имаш.

7 Со празни раце доаѓаме на овој свет и кога ќе го напуштиме ништо не можеме да понесеме со себе.

8 Ако имаме храна и облека, треба да бидеме задоволни.

9 Оние што сакаат да бидат богати паѓаат во сите можни искушенија и стапици. Стануваат робови на неразумни и опасни страсти што на крајот ќе ги доведат до питачки стап и целосна пропаст.

10 Алчноста за пари е корен на сите зла. Некои луѓе се толку алчни по пари, што дури и од верата скршнаа и си нанесоа многубројни болки.

11 Тимотеј, ти си Божји човек, затоа бегај од тие зла! Труди се да бидеш праведен, побожен, верен, да ги сакаш луѓето, да бидеш трпелив и кроток.

12 Бори се храбро за верата и држи се цврсто за неа, за да добиеш вечен живот. Токму за тоа Бог те одбра и ти веќе пред многу луѓе даде исклучително добро сведоштво!