2 Коринтјаните 1:10-16 MNT

10 Тој не избави од сигурна смрт и пак ќе не избавува. На Него се надеваме и знаеме дека ќе продолжи да не избавува.

11 Вие ни помагате со тоа што се молите за нас. Кога тие многубројни молитви ќе бидат одговорени и Бог ќе ни ја покаже својата дарежлива благонаклоност, многу луѓе ќе Му бидат благодарни.

12 Ние можеме да бидеме горди на нашата чиста совест. Спрема сите луѓе, а посебно спрема вас, бевме отворени и искрени, онака како што Бог не учи. Не постапувавме онака како што телесен човек би сметал дека е мудро, туку не водеше Бог, Кој ни беше благонаклонет.

13 Моите писма се јасни. Нема ништо неразбирливо, или скриено меѓу редови. Се надевам дека еден ден се ќе ви биде јасно,

14 иако сега само делумно ви е јасно. Така, на денот кога нашиот Господ Исус ќе се врати, вие ќе се гордеете со нас, а ние со вас.

15 Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен:

16 еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја.