2 Коринтјаните 1:15-21 MNT

15 Со таа увереност имав намера да дојдам прво кај вас, и дури двапати да ви бидам полезен:

16 еднаш да ве посетам на одење накај Македонија, а потоа на враќање од Македонија повторно да свратам кај вас и оттаму вие да ме испратите за Јудеја.

17 Се надевам дека нема да ме обвините оти не си стојам на зборот и дека се однесувам како световните луѓе кои кога велат „да“ всушност мислат „не“.

18 Бог ми е сведок дека нашето „да“ не е двосмислено, па да значи и „не“,

19 затоа што Божјиот Син, Исус Христос, за Кого ви проповедавме јас, Силван и Тимотеј, не зборуваше двосмислено, туку она што ќе го кажеше секогаш беше и остануваше така како што е кажано.

20 Сите Божји ветувања се исполнети во Него. Затоа, кога на Бог Му оддаваме слава преку Исус велиме „Амин“.

21 Бог е Тој што и вам и нам ни дава сили да стоиме цврсто на страната на Христос. Тој не одбра,