2 Коринтјаните 11:1-6 MNT

1 Се надевам дека ќе ме истрпите, дури и ако не зборувам мошне мудро. Ве молам, истрпете ме!

2 Љубоморен сум на вас, онака како што е љубоморен и Бог! Ве ?свршив‘ за еден Свршеник, за Христос, за да ве доведам кај Него чисти како девица,

3 но се плашам вашите умови да не бидат заведени и да не отстапите од вашата целосна и чиста посветеност на Христос. Се плашам да не бидете измамени онака како што змијата со итрина ја измами Ева.

4 Ние ви проповедаме за Исус, и вие го примивте Светиот Дух и ја прифативте Радосната вест. Но сега дозволувате да ви проповедаат за некаков друг Исус, за примање на некаков друг дух и за прифаќање на некаква друга порака!

5 Јас не се сметам за помалку вреден од тие ?супер апостоли‘.

6 Ако и не сум толку вешт говорник, моето знаење не е ништо помало од нивното. Тоа на сите полиња ви го докажавме, и тоа јавно, пред сите.