17 Самофалбата е нешто што Господ не го сака и затоа се чувствувам неразумно.
18 Но кога веќе толку многу луѓе се фалат со своите човечки достигања, ќе се пофалам и јас.
19 Впрочем, иако вие се сметате за мудри, со задоволство ги слушате неразумните!
20 Не ви пречи кога некој ве третира како робови, ве искористува, ве ограбува, ве понижува и ви удира шлаканици!
21 Се срамам што ние за вакви работи се покажавме неспособни! Знам дека е неразумно ова што ќе го кажам, но ако некој има смелост така да се фали, имам смелост и јас.
22 Тие биле Евреи! Па и јас сум! Биле Израелци! Па и јас сум! Биле потомци на Авраам! Па и јас сум!
23 Му служеле на Христос! Глупаво е што самиот за себе вака зборувам, но јас многу повеќе Му служам на Христос, многу повеќе работам, поради што многу почесто ме затвораат, ме тепаат и ми се закануваат со смрт!