2 Коринтјаните 11:24-30 MNT

24 Петпати сум камшикуван од Евреите, по триесет и девет удари со камшик!

25 Трипати сум тепан со стапови, еднаш сум каменуван, трипати сум преживеал бродоломи, цел ден и цела ноќ сум поминал во вода, на отворено море.

26 Често патував, и бев изложен на опасности од надојдени реки и од разбојници. Изложен сум на опасности и од моите сонародници, Евреите, и од паганите. Изложен сум на опасности и во град и во дивина, и на море. Изложен сум на опасности од лажни пријатели.

27 Работам, се мачам, минувам бессони ноќи, гладен, жеден, постам, ѕемнам без доволно облека.

28 И покрај се што ме притиска, јас секојдневно се грижам за сите цркви.

29 Се случило ли некој да го фати слабост, а јас да не сочувствувам со него? Се случило ли некој да застрани, а јас да не согорувам?

30 Ако веќе морам да се фалам, ќе се фалам со она што ја покажува мојата немоќ.