15 Да, дури и денес, кога ги читаат Мојсеевите книги, превез им ги покрива срцата и тие не разбираат.
16 Но кога човек ќе се сврти кон Господ, превезот се отстранува.
17 Господ е во единство со Духот и каде што е присутен Господовиот Дух, Тој донесува слобода.
18 Сите ние, пред чии лица нема превез, сме одраз на славата Господова, како во огледало. Со помош на Господовиот Дух доживуваме преобразба и стануваме се послични на нашиот славен Господ.