2 Коринтјаните 6:1-7 MNT

1 Ние, во улога на Божји соработници, ве молиме да не ја пропуштите Божјата милосрдна благонаклоност спрема вас,

2 зашто Бог вели: „Повикај Ме во вистинскиот час и Јас ќе ти ја услишам молитвата; побарај Ме во денот кога ти нудам спасение и Јас ќе ти помогнам!“ Сега е вистинскиот час! Денес е денот кога Бог ти нуди спасение!

3 Не даваме повод нашето поведение некого да поколеба да поверува во Господ, затоа се трудиме нашата работа да биде беспрекорна.

4 Во се се однесуваме како Божји службеници, стрпливо поднесувајќи ги сите напади, страдања и тешкотии.

5 Не тепаат, не ставаат в затвор, креваат бунтови против нас, а ние работиме, минуваме бессони ноќи и гладуваме.

6 Се докажуваме преку нашата чистота, знаење, стрпливост, љубезност, преку силата на Светиот Дух и преку нашата искрена љубов.

7 Верно ја проповедаме вистината. Божјата сила работи во нас. Праведноста е нашето оружје и за напад и за одбрана.