12 Не сме ние затворени спрема вас, туку вие сте затворени спрема нас.
13 Како на свои деца ви велам: отворете ги и вие вашите срца спрема нас!
14 Немојте да се здружувате со неверници! Како може праведен и неправеден да работат заедно? Како може светлината и темнината да живеат заедно?
15 Може ли да има слога меѓу Христос и Ѓаволот? Каква заедница може да има еден христијанин со безверник?
16 Треба ли во Божјиот храм да ставате и идоли? Ние сме храмови на Живиот Бог. Како што Самиот Тој вели за Своите следбеници: „Ќе живеам во нив, ќе се движам меѓу нив; Јас ќе бидам нивни Бог, а тие Мој народ.“
17 „,Затоа, напуштете ги оние што не Му припаѓаат на Бог, одвојте се од нив,‘ - вели Господ. ,Не мешајте се со она што е нечисто и Јас ќе ве прифатам.‘“
18 „,Ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки,‘ - вели Семоќниот Господ.“