8 Му служиме на Бог без разлика дали луѓето не почитуваат, или не презираат, дали имаат добро или лошо мислење за нас. Ние сме чесни, но тие не нарекуваат измамници.
9 Сите знаат за нас, а се однесуваат спрема нас како да не не познаваат. Соочени со смртни закани, а сепак, ете, живи сме. Казнувани сме, но не сме убиени.
10 Се обидуваат да не растажат, но ние сепак сме радосни. Сиромашни сме, но на многумина им дадовме духовно богатство. Немаме ништо, а сепак поседуваме се.
11 Драги наши пријатели во Коринт, ние искрено ви проговоривме, широко ги отворивме нашите срца.
12 Не сме ние затворени спрема вас, туку вие сте затворени спрема нас.
13 Како на свои деца ви велам: отворете ги и вие вашите срца спрема нас!
14 Немојте да се здружувате со неверници! Како може праведен и неправеден да работат заедно? Како може светлината и темнината да живеат заедно?