13 Тоа навистина не охрабри. Не само што ова не охрабри, туку уште повеќе не зарадува тоа што Тит се врати радосен. Сте му покажале дека нема причина да биде загрижен.
14 Сето она за што сум ве фалел пред него се потврди како вистина и не ме посрамивте. Секогаш сум ја зборувал вистината за вас, па така и тоа што ве фалев пред Тит се потврди дека е вистина.
15 Кога Тит видел колку сте вие послушни, со колкава страхопочит и трепет во срцето сте го пречекале, тој уште повеќе ве засака.
16 Многу сум радосен што можам да имам целосна доверба во вас.