2 Коринтјаните 7:3-9 MNT

3 Не го велам ова за да ве обвинувам. Вие сте ни толку прираснати за срце што сме готови со вас да го делиме и животот и смртта.

4 Имам голема доверба во вас. Се гордеам со вас и навистина сте големо охрабрување за мене. И покрај сите наши тешкотии, мојата радост не знае за граници.

5 Откако дојдовме во Македонија, немаме мир. Се соочуваме со неволи од сите страни: однадвор напади, однатре стравови.

6 Но Бог, Кој ги охрабрува потиштените, со доаѓањето на Тит ни ја врати храброста.

7 Охрабрување за нас беше не само неговото доаѓање, туку и тоа што тој ни го пренесе за вас: како вие него сте го охрабриле, колку сте биле желни да ме видите, колку тагувате и колку ревносно сте приврзани за мене. Тоа уште повеќе ме зарадува.

8 Дури и ако сум ве нажалил со претходното писмо што ви го пратив, не се каам што го сторив тоа. Извесно време ми беше жал, зашто тоа писмо привремено ве натажи

9 но сега се радувам, не затоа што ве нажалив, туку затоа што тоа ве доведе до покајување. Таа жалост ви е од Бог. Ние со ништо не сакавме да ве повредиме.