2 Коринтјаните 8:10-16 MNT

10 Пред една година вие први почнавте да давате прилози и го правевте тоа од се срце. Затоа ви препорачувам сега да го довршите тоа дело; тоа ќе биде добро и за вас.

11 Довршете ја оваа работа со истата ревност со која и ја започнавте. Дајте толку колку што можете.

12 Ако постои добра волја, таа се цени според можностите на секој дародавател. Никој не очекува да дадете нешто што немате.

13 Не велам давајќи за другите, вие да западнете во невола, туку повикувам на еднаквост.

14 Сега, кога вие имате во изобилие, треба да им помогнете на оние што се во немаштија, па кога тие ќе имаат во изобилие, а вие ќе бидете во скудност, тие вам да ви помогнат, па така да постои еднаквост меѓу нас.

15 Сетете се што пишува во Светото Писмо: „На оној што собра многу ништо не му преостана, а на оној што собра малку, сепак, му достаса.“

16 Му благодарам на Бог што во срцето на Тит ја стави истата грижа што јас ја чувствувам за вас.