2 Коринтјаните 9:11-15 MNT

11 Ќе ве направи богати во се, така што уште поштедро ќе можете да давате. Кога ќе им ги однесеме вашите дарови на оние што се во скудност тоа ќе ги поттикне од се срце да Му се заблагодарат на Бог.

12 Зашто, извршувањето на оваа служба, освен што ќе им ги исполни потребите на христијаните во Ерусалим, во исто време ќе поттикне изливи на благодарност спрема Бог.

13 Значи, тие ќе Му оддадат слава на Бог благодарение на тоа што вие на дело се докажавте во оваа служба. Тоа ќе им биде доказ дека вие навистина живеете според принципите на Радосната вест од Христос, која вие ја исповедате и поради која толку штедро давате и за нив и за сите.

14 Тие со голема љубов ќе се молат за вас, затоа што Бог токму преку вас им покажа колку милосрдно им е благонаклонет.

15 А сите ние сме Му благодарни на Бог за Неговиот дар што со зборови не може да се искаже. Павле зборува за овластувањата што ги има од Бог