2 Петар 1:12-18 MNT

12 Знам дека вие веќе сега сте цврсто втемелени во вистината и добро ги знаете овие нешта, но сепак јас секогаш ќе настојувам да ве потсетувам.

13 Се додека сум во овој „шатор“, моето смртно тело, сметам дека ми е должност да ве потсетувам.

14 Нашиот Господ Исус Христос ми покажа дека моите дни овде на Земјава се изброени и јас брзо ќе го напуштам овој шатор.

15 Затоа ќе направам се што зависи од мене, та и по моето заминување вие да ги помните овие нешта.

16 Кога ви кажувавме за силата на нашиот Господ Исус Христос и за Неговото повторно доаѓање, ние не се служевме со лукаво смислени прикаски! Ние со свои очи ја видовме Неговата величественост!

17 Тој прими чест и слава од Бог Таткото кога Божјиот славен, величествен глас се спушти од небото кон Него: „Ова е Мојот Син, Мојот Љубимец, со Него сум целосно задоволен.“

18 Кога се случи тоа ние бевме таму, на светата гора, заедно со Исус и го слушнавме тој глас од небото.