19 Им ветуваат слобода, а самите се робови на корупција, зашто човек му робува на она што не може да го заузда.
20 Ако тие навистина се оттргнаа од валканите навики на овој свет кога дознаа за нашиот Господ и Спасител Исус Христос, и сега пак се вплеткуваат во стапицата на развратноста и претрпуваат пораз, тогаш нивната сегашна состојба е полоша од онаа на почетокот!
21 Подобро ќе беше да не го запознаеја патот на праведноста, отколку, откако го запознаа, да и свртат грб на светата заповед што им беше дадена!
22 Ним им се случи она што го кажуваат поговорките: “Песот се враќа на сопствената блујавица.“ и „Откако се искапала, свињата во калта се вратила!“