2 Солунјаните 1:6-12 MNT

6 Бог праведно ќе ги казни оние што ве угнетуваат и мачат,

7 а вам, кои страдате, ќе ви даде починка, како и на сите нас, кога Господ Исус ќе се појави од небото со Своите моќни ангели,

8 со распламтен оган, казнувајќи ги оние што не сакаат да Го признаат Богa и ја отфрлаат Радосната вест на нашиот Господ Исус.

9 Тие ќе бидат казнети со вечно уништување, отстранети од Божјото присуство и од Неговата величествена сила.

10 Ова ќе се случи кога Господ ќе се врати за да Му биде оддадена слава и чест од оние што се Негови, што веруваат во Него. Меѓу нив спаѓате и вие, затоа што поверувавте во она што ви го сведочевме.

11 Вас Бог ве одбра и ние постојано се молиме за вас, Бог да ве направи достојни за тој позив. Се молиме Бог да ви даде сила да ги извршите сите добри дела што посакувате да ги направите и што верата ви налага да ги правите.

12 Така, заради тоа што нашиот Бог и Господ Исус Христос беше толку благонаклонет спрема вас, вие ќе му донесете слава на името на нашиот Господ Исус, а и Тој вам ќе ви донесе слава.