Ефесјаните 1:12-18 MNT

12 Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.

13 И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.

14 Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.

15 Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани

16 и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.

17 Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно.

18 Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ,