19 колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила
20 со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.
21 Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.
22 Бог се стави под власт на Христос и Го постави за Господар над се, во полза на Црквата.
23 Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува се и насекаде.