1 Токму поради тоа што ви проповедам за Исус Христос и вам кои не сте Евреи, јас, Павле, сега лежам в затвор.
2 Вие сигурно сте слушнале дека Бог ми ја довери задачата да ви ја проповедам Неговата милост и љубов спрема вас, неевреите.
3 Тој ми го откри и објасни Неговиот таен план. (За тоа порано накратко ви пишував,
4 и можете да прочитате, за да дознаете како ми беше откриена тајната за Христос.)
5 На претходните поколенија таа тајна не им беше објавена. Бог сега, преку Светиот Дух, им ја откри на Неговите свети апостоли и пророци.