1 Затоа ве молам, јас кој сум затвореник поради тоа што проповедам за Господ, да живеете живот достоен за луѓе што се повикани, одбрани од Бог.
2 Да бидете понизни, кротки и трпеливи. Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.
3 Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.
4 Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.
5 Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.