18 Нивните умови се помрачени. Тие се отуѓени од животот што доаѓа од Бог, затоа што не го разбираат тоа, а не го разбираат бидејќи срцата им се закоравени.
19 Тие веќе не го разликуваат праведното од грешното. Лакомо се препуштаат на разни пороци и на секаков вид гнасни работи.
20 Но вие што сте запознаени со учењето на Христос, не сте учени така да живеете.
21 Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.
22 Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.
23 Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.
24 Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.