4 Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.
5 Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.
6 Постои само еден Бог, Татко на сите. Тој е Господар над сите, дејствува преку сите и живее во сите.
7 Но Христос секого од нас го надарил со разновидна дарба, како што Тој милувал.
8 Затоа Светото Писмо вели: „Кога се вознесе во висините, зеде со Себе многу затвореници и им даде дарови на луѓето.“
9 Што значи тоа „кога се вознесе“? Тоа подразбира дека Тој прво слезе до најдолните предели на Земјата.
10 Тој што слезе е истиот Оној што се издигна високо над сите неба, а тоа е Христос, за да може да ја исполни целата вселена и да владее со неа.