13 Но светлината ќе ги разоткрие и се ќе излезе на виделина,
14 Зашто се што е изложено на светлина, станува јавно. Затоа се вели: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите и Христовата светлина ќе те огрее.“
15 Внимавајте како живеете! Нека биде тоа мудро, а не неразумно.
16 Ова се тешки времиња, затоа користете го секој миг.
17 Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.
18 Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!
19 Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ!