18 Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!
19 Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ!
20 Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.
21 Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.
22 Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ,
23 зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело,
24 па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во се да им се послушни на своите сопрузи.