8 Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.
9 Таа светлина во вас ќе роди секаков вид добрина, праведност и вистина.
10 Трудете се да откриете што Му е мило на Бог и тоа правете го.
11 Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!
12 За она што тајно го прават некои луѓе срамота е дури и да се зборува!
13 Но светлината ќе ги разоткрие и се ќе излезе на виделина,
14 Зашто се што е изложено на светлина, станува јавно. Затоа се вели: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите и Христовата светлина ќе те огрее.“