2 Првата од Десетте заповеди што содржи и ветување гласи: „Почитувај ги своите татко и мајка.“
3 А ветувањето е: „за да ви биде добро и долго да поживеете на Земјата.“
4 Татковци, немојте да предизвикувате лутина кај вашите деца. Одгледувајте ги и воспитувајте ги во Господовото учење.
5 Робови, бидете им послушни на вашите земни господари, со страхопочит, искрено, од се срце, како да Му служите на Христос.
6 Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од се срце ја исполнуваат Божјата волја.
7 Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,
8 зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.